HomeМКДДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ УТРЕ БЕЗ СТРУЈА

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ УТРЕ БЕЗ СТРУЈА

Дел од корисниците во Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Прекините ќе ги опфатат општините Гази Баба и Ѓорче Петров, во различни временски интервали.

Од 8:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Цветан Димов“ и „Јајце“. Причината се планирани работи во трафостаницата „Гази Баба 8“, каде што ќе се вршат чистење, дополнување масло во кабелските глави и трансформаторот, како и проверка на расклопната опрема.

Во општина Ѓорче Петров, од 10:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улица 37 во селото Волково.

Дополнителен прекин е предвиден од 11:30 до 14:30 часот, кога без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Клинска Леса“ и „Серава“.

Овој прекин е поврзан со планирани зафати во трафостаницата „Даме Груев 2“, каде што ќе се извршат чистење, проверка на расклопната опрема и дополнување масло во кабелските глави и трансформаторот.

Граѓаните од овие делови на Скопје треба навреме да ги приспособат своите обврски на најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО