Во ноќта меѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последните припадници на Југословенската народна армија ја напуштиле територијата на Словенија, со што завршил процесот на повлекување на војската од земјата. Повлекувањето било последица на осамостојувањето на Словенија и вооружениот конфликт од јуни 1991 година. Последните војници заминале со бродови од пристаништето во Копер. Денес, 25 октомври во Словенија се одбележува како Ден на суверенитетот.

