HomeСПОРТСЛОВЕНЦИТЕ ЈА АНАЛИЗИРААТ МАКЕДОНИЈА

СЛОВЕНЦИТЕ ЈА АНАЛИЗИРААТ МАКЕДОНИЈА

Пред дуелот со Македонија, во словенечкиот табор нема место за опуштање. По ремито со Шкотска, домаќините се свесни дека ќе мораат да прикажат многу подобра игра доколку сакаат да стигнат до позитивен резултат.

Јака Бијол, еден од столбовите на словенечката одбрана, се осврна на проблемите што ги покажала неговата репрезентација во претходниот натпревар. Според него, падот во играта по паузата бил поврзан и со физичката подготвеност на фудбалерите.

Дефанзивецот на Лидс смета дека секој репрезентативец мора сериозно да работи на својата физичка форма, бидејќи само така тимот може да го задржи високото темпо во текот на целиот натпревар.

Кога станува збор за Македонија, Бијол не очекува лесна задача. Тој смета дека македонската репрезентација располага со играчи кои знаат да ја контролираат топката и можат да создадат проблеми доколку им се остави простор.

Иако Македонија имаше тежок натпревар против Швајцарија, словенечкиот репрезентативец смета дека тоа не е реална слика за квалитетот на нашиот тим.

„Очекуваме тежок натпревар. Македонија има квалитет и знае да игра со топката. Мора да бидеме внимателни во одбраната, а кога ќе дојдеме до посед, треба да го искористиме за да постигнеме гол“, порача Бијол.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО