Вирџил ван Дајк реагираше на тврдењата дека имал влијание врз тактиката на Холандија во натпреварот против Мароко на Светското првенство во 2026 година.
Холандскиот капитен ги отфрли пишувањата дека тој бил човекот кој му предложил на поранешниот селектор Роналд Куман репрезентацијата да настапи со петмина дефанзивци. Холандија испадна по пенали, откако натпреварот заврши 1:1, а Мароко победи со 3:2 во пенал-серијата.
На прес-конференцијата пред дуелот со Германија, Ван Дајк директно ги нарече ваквите тврдења невистинити и нагласи дека поставувањето на тактиката е работа на селекторот.
Капитенот на Холандија реагираше и на изјавите на новинарот Валентајн Дрисен, кој го поврзуваше со одлуката за формацијата.
Ван Дајк истакна дека по елиминацијата биле изнесени бројни обвинувања на негова и на сметка на Куман и дека таквите приказни, според него, ја искривуваат вистинската слика за случувањата.
Дефанзивецот на Ливерпул додаде дека забележува разлика во начинот на кој е оценуван во Холандија во споредба со странство.
„Чувствувам дека во Холандија не ме гледаат на ист начин како што ме гледаат во остатокот од светот“, порача Ван Дајк.

