HomeТРЕНДОВА ЦВЕЌЕ МОЖЕ ДА БИДЕ СМРТОНОСНО

ОВА ЦВЕЌЕ МОЖЕ ДА БИДЕ СМРТОНОСНО

На есен, покрај патеките и ливадите често се појавуваат нежни виолетови цветови кои лесно можат да се помешаат со шафран. Но, едно од нив може да претставува сериозна опасност за домашните миленици.

Станува збор за есенскиот мразовец (Colchicum autumnale), растение кое содржи колхицин – силен отров присутен во сите негови делови, вклучувајќи ги цветот, листовите, семето и подземниот дел.

Кучињата можат да го внесат растението за време на прошетка или игра во природа. Труењето не мора да се забележи веднаш, бидејќи симптомите може да се појават по неколку часа, но и подоцна.

Меѓу првите знаци се засилено лачење плунка, повраќање, дијареја, болки во стомакот, слабост и изразен замор. Во потешки случаи може да дојде до проблеми со дишењето, колапс, оштетување на црниот дроб и бубрезите, па дури и до смртен исход.

Еден од начините да се разликува мразовецот од шафранот е периодот на цветање. Шафранот најчесто цвета во пролет, додека есенскиот мразовец се појавува токму во есенските месеци.

Доколку постои сомневање дека кучето изело дел од растението, не треба да се чека да се појават симптоми, туку веднаш да се контактира ветеринар.

Најсигурна заштита е кучето да не доаѓа во контакт со непознати растенија за време на есенските прошетки.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО