ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да отвори предмет за јавните обвинувања на СДСМ и Венко Филипче поврзани со „Алта банка“, оценувајќи дека тие можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и недоверба во банкарскиот систем.
Од партијата тврдат дека се шират непроверени информации и бараат институциите да утврдат дали постојат елементи на кривично дело. Како можна правна основа го посочуваат членот 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на саботажа.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека финансиската стабилност не треба да биде предмет на политички пресметки и повика обвинителството да постапи по допрен глас.

