HomeМКДГРАЃАНИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ ПОРАДИ ЕКОНОМИЈАТА

ГРАЃАНИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ ПОРАДИ ЕКОНОМИЈАТА

Лошиот животен стандард, ниските плати и масовното заминување на граѓаните во странство беа во фокусот на критиките што лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги упати кон Владата во интервју за телевизијата „Алсат“. Тој предупреди дека економските услови ги тераат луѓето да бараат подобра иднина надвор од државата.

Филипче оцени дека растечките трошоци и ниските примања сè повеќе го отежнуваат секојдневието на граѓаните. Според него, дел од луѓето заминуваат во европските земји во потрага по работа, а други бараат бугарски пасоши од економски причини.

„Со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација“, изјави претседателот на СДСМ, обвинувајќи ја Владата дека не создава услови за подобар живот и дека граѓаните тешко успеваат да ги покријат основните потреби.

Тој упати критики и за односот на Владата кон земјоделците, тврдејќи дека не се исполнети ветувањата за подобри откупни цени, сигурен пласман на производите и поголеми субвенции. Филипче предупреди дека ваквата состојба може дополнително да го загрози земјоделското производство, вклучително и сточарството и лозарството.

Лидерот на СДСМ повторно го постави и барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра. Според него, парламентарното мнозинство трипати го одбило предлогот на опозицијата, иако, како што тврди, семејствата имаат сè поголеми тешкотии да ги покријат месечните трошоци.

Филипче оцени дека без повисоки плати, поголема поддршка за земјоделците и мерки за подобрување на животниот стандард, економските проблеми ќе продолжат да го поттикнуваат иселувањето од Македонија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО