HomeГЛОБУСДОЦНЕЊЕ ОД ЕДЕН ЧАС НА ИЗБИРАЧКО МЕСТО ВО БЕЛГРАД

ДОЦНЕЊЕ ОД ЕДЕН ЧАС НА ИЗБИРАЧКО МЕСТО ВО БЕЛГРАД

Проблем на едно избирачко место во белградската општина Чукарица го одложил почетокот на гласањето за повеќе од еден час, поради што била повикана и полицијата. Наместо во предвидениот термин, гласачкото место број 35 ги отворило вратите дури во 8:01 часот.

Инцидентот се случил во клуб за пензионери, каде што една од вработените, која работела како кафе-готвачка, одбила да го напушти објектот иако немала овластување да биде присутна на избирачкото место за време на гласањето. Поради ситуацијата, морала да интервенира полицијата.

Според сведоштво на граѓанин кој се нашол на местото на настанот, полициските службеници ги провериле личните документи на сите присутни во зградата. По завршувањето на проверката, биле исполнети условите за почеток на гласањето, кое започнало во 8:01 часот, објави српскиот портал „Нова.рс“.

Во меѓувреме, на повеќе избирачки места во Белград уште од раните утрински часови се создавале редици. Граѓаните чекале пред гласачките места за да го остварат своето право на глас, а на некои локации групирањето на гласачите започнало уште пред официјалното отворање.

Чукарица е една од 17-те градски општини на Белград и се наоѓа во југозападниот дел на српската престолнина.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО