Летот DL251, со авион „Ербас А330“, наместо да продолжи кон САД, морал да слета на аеродромот „Франсиско Са Карнеиро“ во Порто. Од компанијата соопштиле дека одлуката за пренасочување била донесена поради технички проблем и дека авионот безбедно се приземјил.
Португалските служби, пак, навеле дека во кабината бил забележан чад, по што биле активирани итните служби на аеродромот. Медицинските екипи прегледале осум патници веднаш по слетувањето.
Тројца од патниците биле пренесени во болница за дополнителни прегледи. Засега нема информации за посериозни повреди.
Според податоците од сервисот за следење на авионскиот сообраќај Flightradar24, авионот полетал од Барселона околу 15:15 часот, а во Порто пристигнал околу 17:45 часот по локално време.
Надлежните служби продолжуваат да ги утврдуваат околностите за појавата на чадот и техничкиот проблем поради кој летот бил пренасочен.

