Ирански воен брод отвори оган кон контејнерски брод покрај брегот на Оман предизвикувајќи штета, но без жртви, соопшти британската агенција за поморска безбедност.Капетанот на контејнерски брод пријавил дека на бродот му се приближил еден воен брод на ИРГК кој потоа отворил оган врз бродот, што предизвикало голема штета на мостот. Не се пријавени пожари или влијание врз животната срединa, соопшти Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство

