HomeГЛОБУСКИМ ЏОНГ УН ПРИСТИГНА ВО КИНА ПРЕКУ НОВИОТ МОСТ

КИМ ЏОНГ УН ПРИСТИГНА ВО КИНА ПРЕКУ НОВИОТ МОСТ

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигнал во кинескиот пограничен град Дандонг, минувајќи преку новоизградениот мост на реката Јалу, кој ги поврзува двете соседни држави. Информацијата ја потврдил претставник на јужнокорејската влада, кој побарал да остане анонимен.

Според друг јужнокорејски владин претставник запознаен со посетата, кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретнал со Ким во пограничниот град. Посетата се одвива во период кога Пекинг и Пјонгјанг настојуваат да ги зајакнат меѓусебните врски, а временски се совпаѓа и со одбележувањето на годишнината од вклучувањето на Кина во Корејската војна, која траела од 1950 до 1953 година.

Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота. Извор запознаен со неговите планови оценил дека е малку веројатно севернокорејскиот лидер да отпатува и до Пекинг пред почетокот на високите партиски состаноци на Кинеската комунистичка партија, закажани за понеделник.

Новиот мост на реката Јалу, долг околу три километри, беше отворен овој месец по повеќегодишно одложување. Станува збор за важна копнена врска меѓу двете земји, од која се очекува да ја поттикне трговијата и да ја олесни економската размена, нарушена во изминатите години поради пандемијата и затегнатите односи.

Експертот за односите меѓу Кина и Северна Кореја, Лу Чао, од Академијата за општествени науки во кинеската покраина Лиаонинг, оценува дека посетата се вклопува во периодот на засилена економска соработка и почести средби на високо ниво меѓу двете држави.

Од новиот мост се очекува да има корист и севернокорејската економија, бидејќи ќе го олесни транспортот на суровини, енергенси и тешка опрема потребни за развој на земјата. Неговото отворање, заедно со зачестените контакти меѓу раководствата, укажува на обновување на соработката меѓу Пекинг и Пјонгјанг. Во изминатите 13 месеци лидерите на двете земји одржале две средби на самитско ниво.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО