HomeТРЕНДКИЈАНУ РИВС ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЅВЕЗДАТА НА „РИЧЕР“ ВО НОВИОТ АКЦИСКИ ФИЛМ...

КИЈАНУ РИВС ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЅВЕЗДАТА НА „РИЧЕР“ ВО НОВИОТ АКЦИСКИ ФИЛМ НА НЕТФЛИКС

Кијану Ривс е избран за главната улога во новиот акциски филм „Maelstrom“ на Нетфликс, каде што ќе го замени Алан Ричсон, познат по серијата „Reacher“. Причините за заминувањето на Ричсон од проектот засега не се објавени, пренесуваат американските медиуми. Режијата ќе ја потпише Жауме Колет-Сера, кој стои зад филмовите „Carry-On“, „Non-Stop“ и „The Shallows“.

Приказната го следи федералниот маршал задолжен да ја заштити свршеницата на трговец со оружје, кој одлучил да сведочи против своите соработници. Но, задачата брзо се претвора во борба за преживување кога силен ураган ги прекинува комуникациите и го оневозможува пристигнувањето на засилувањето. Во меѓувреме, вооружените луѓе на трговецот го напаѓаат објектот во кој се кријат маршалот и жената што треба да ја заштити.

Поради атмосферата, затворениот простор и постојаната опасност, филмот веќе се опишува како верзија на „Умри машки“ сместена среде ураган.

Проектот има долга историја и неговите почетоци датираат од 1993 година, кога сценариото првично било подготвено за студиото „Ворнер брос“. Првата верзија ја напишал покојниот Грегори Фицпатрик, додека за актуелната верзија е задолжен Марк Бјанкули.

Ривс во меѓувреме има уште неколку филмски проекти во подготовка, меѓу кои научнофантастичниот филм „Shiver“ и „The Entertainment System Is Down“. Претходно беше објавено и дека актерот разговарал за можна улога во проект што комбинира играна акција и ЛЕГО-анимација.

Алан Ричсон, пак, продолжува со работата на серијата „Reacher“, која се емитува на платформата Амазон.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО