Продлабочување на односите меѓу Северна Македонија и Косово, како и можностите за унапредување на билатералната соработка, биле главни теми на разговорот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу.
Мицкоски ја објави информацијата за средбата на социјалните мрежи, нагласувајќи дека двете страни разговарале за зајакнување на партнерството и одржување на пријателските односи меѓу двете соседни земји.
Според пораката на премиерот, отворената комуникација, заемното почитување и поинтензивната регионална соработка се важни предуслови за стабилност, економски напредок и побрзо приближување на земјите од регионот кон Европската Унија.

