HomeМКДПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи јавната расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се предвидуваат построги правила за функционирање на овој сектор.

Според предложените измени, целта е да се зајакне контролата врз приредувачите на игри на среќа, да се намали сивата економија и да се обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите. Законот предвидува нови правила за лиценцирање, построг надзор и дополнителни мерки за регулирање на работењето на обложувалниците, автомат-клубовите и интернет-игрите на среќа.

На јавната расправа свои ставови изнесоа претставници на индустријата, здруженија и вработени во секторот, кои предупредија дека дел од предложените решенија би можеле да имаат сериозни економски последици и да влијаат врз илјадници работни места. Од друга страна, предлагачите на законот сметаат дека новите мерки ќе придонесат за поголема транспарентност и подобра заштита на јавниот интерес.

По завршувањето на расправата, предлог-законот ќе продолжи во собраниска

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО