Речиси 530 лица се повредени, а едно го загуби животот откако тајфунот Чампи го погоди Тајван, соопштија надлежните служби. Невремето предизвика значителна материјална штета, а стотици илјади домаќинства привремено останаа без електрична енергија.
Според извештаите, маж загинал во четвртокот на јужниот дел од островот, откако силните бранови го повлекле во морето.
Последиците од невремето се видливи на повеќе локации низ Тајван. Надлежните евидентирале речиси 2.200 паднати дрвја и повеќе од 700 оштетени објекти. Медиумите известуваат дека без струја привремено останале над 280.000 домаќинства.
Тајфунот Чампи за кратко време достигнал интензитет на супeртајфун, но во меѓувреме ослабнал. Според тајванската метеоролошка служба, во близина на центарот на невремето биле измерени постојани ветрови со брзина до 126 километри на час, додека најсилните налети достигнувале 162 километри на час.
Се очекува невремето да продолжи да се движи кон север и до недела да помине покрај крајбрежниот регион на кинеската провинција Џеџијанг.

