HomeГЛОБУСРУСИЈА СО ОСТРА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО БРИТАНИЈА И ФРАНЦИЈА

РУСИЈА СО ОСТРА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО БРИТАНИЈА И ФРАНЦИЈА

Москва упати ново остро предупредување кон Велика Британија и Франција поради нивната воена поддршка за Украина, особено во делот на ракетната технологија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека Москва би можела да одговори на украински напади изведени со британско оружје со насочување кон британски воени објекти, како во Украина, така и надвор од нејзината територија.

Реакцијата од Кремљ следува по најавите од Британија дека ќе бидат објавени планови поврзани со британски компоненти за ракетниот систем SCALP. Станува збор за оружје кое Украина го користи во војната против Русија.

Дополнително, Лондон и Париз работат на продлабочување на соработката со Киев во областа на ракетната технологија. Францускиот SCALP е верзија на британската крстосувачка ракета Storm Shadow, а плановите вклучуваат и можност Украина да соработува со Франција во развој и производство на сопствена варијанта.

Од Москва ваквите чекори ги оценуваат како дополнително директно мешање на западните земји во конфликтот и предупредуваат дека продолжувањето на испораките на оружје може да има сериозни последици.

На тој начин, реториката меѓу Русија и западните сојузници на Украина повторно се заострува, додека воената поддршка за Киев останува една од главните точки на судир меѓу Москва и европските држави.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО