Во ноќта меѓу сабота и недела повторно се менува сметањето на времето. На 25 октомври, во 3 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно ќе покажуваат 2 часот.
Со оваа промена завршува летното и започнува зимското сметање на времето. Граѓаните ќе добијат дополнителен час за спиење, но деновите ќе изгледаат пократки поради пораното стемнување.
Промената се однесува на целата територија на Македонија. Кај мобилните телефони, компјутерите и другите уреди што автоматски го ажурираат времето, часовникот ќе се приспособи самостојно, додека кај класичните часовници ќе биде потребно рачно поместување.
Следната промена на времето се очекува напролет, кога повторно ќе започне летното сметање на времето.

