HomeГЛОБУСФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 70.000 ПРИПАДНИЦИ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ

ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 70.000 ПРИПАДНИЦИ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ

Франција се подготвува за големи протести во повеќе градови, поради што властите најавија распоредување на 70.000 припадници на безбедносните сили низ земјата. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез порача дека државата ќе реагира решително на секој обид за насилство, додека дел од трговците веќе преземаат мерки за заштита на своите објекти.

Во Нанси, како и во други градови каде што се очекуваат собири, некои продавници ги обезбедиле излозите и влезовите со дрвени плочи, стравувајќи од можни инциденти и оштетувања за време на демонстрациите.

Министерот Нуњез најави дека ќе бидат ангажирани сите расположливи ресурси за одржување на јавниот ред и безбедноста. Во операцијата ќе учествуваат и службеници кои вообичаено не се распоредуваат на вакви задачи, како и специјализирани и елитни единици. Тие ќе бидат поставени на клучни локации за да се спречат можни судири и уништување имот.

Според проценките на властите, на протестите би можеле да се соберат меѓу 400.000 и 500.000 луѓе. Масовноста на најавените демонстрации предизвикува загриженост кај безбедносните служби, особено по инцидентите регистрирани за време на минатиот викенд.

Францускиот министер за правда Жерал Дарманен соопшти дека по претходните немири биле приведени 232 лица, додека судски постапки биле покренати против повеќе од илјада луѓе.

Протестите започнале пред неколку недели, кога младите излегоа на улиците барајќи подобра опременост на училиштата. Со текот на времето, движењето добило поширока поддршка, а во повеќе градови му се приклучиле и други групи граѓани, меѓу кои и оние што протестираат поради високите трошоци за живот.

Иако главните барања се поврзани со образованието и животниот стандард, дел од собирите минатиот викенд биле проследени со сериозни судири на нивните периферни делови. Токму овие инциденти се причина за засилените безбедносни подготовки пред новите демонстрации.

Француските власти сега се обидуваат да овозможат граѓаните да го остварат правото на протест, а истовремено да спречат повторување на насилството, оштетувањето на објекти и нарушувањето на јавниот ред.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО