HomeГЛОБУСХОРОР ВО АВСТРАЛИЈА: ПРАТЕНИЧКА ОСТАНА БЕЗ ДВЕТЕ НОЗЕ

ХОРОР ВО АВСТРАЛИЈА: ПРАТЕНИЧКА ОСТАНА БЕЗ ДВЕТЕ НОЗЕ

Австралиската политичка сцена е потресена по тешкиот инцидент во кој независната пратеничка Хелен Хејнс се здоби со повреди поради кои лекарите морале да ѝ ги ампутираат двете нозе. Таа беше удрена од теренско возило пред својата изборна канцеларија во Вангарата, во сојузната држава Викторија, а по лекувањето во болница во Мелбурн, нејзината состојба од критична се подобрила во сериозна, но стабилна.

Според досегашните информации, инцидентот се случил на 19 октомври. Шеесет и петгодишната пратеничка била удрена од „Тојота Ленд крузер“, а околностите на настанот се предмет на полициска истрага.

Повредите биле толку тешки што лекарите морале да ѝ ја ампутираат левата нога истиот ден, додека подоцна била донесена одлука да биде ампутирана и десната. Нејзиниот сопруг Фил соопшти дека таа е жива и стабилна, а семејството се соочува со исклучително тежок период.

За инцидентот е обвинет 43-годишниот Брендан Нуџент, кој се соочува со обвиненија поврзани со тешки телесни повреди и опасно однесување со возило. Тој се појавил пред судот во Вангарата, а истрагата за случајот продолжува. Мотивот сè уште не е официјално утврден.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди настанот, додека политичари од различни партии упатија пораки на поддршка до пратеничката и нејзиното семејство. Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на избраните претставници и ризиците со кои може да се соочат при секојдневниот контакт со граѓаните.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО