Македонските ракометни клубови ги добија точните датуми за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот куп, а пред нив се интересни дуели на европската сцена.
Актуелниот победник во ова натпреварување, Алкалоид, во првиот натпревар ќе го пречека австриски Ферлах. Средбата во Скопје е закажана за 17 октомври, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Австрија.
Бутел, пак, првиот дуел против хрватска Горица ќе го има на гостински терен. Натпреварот е предвиден за 17 октомври, додека одлуката за патникот во следната рунда ќе падне во Скопје на 24 октомври.
ГРК Охрид ќе има поинаков распоред. „Рибарите“ двата натпревари против турски Спор Тото ќе ги одиграат пред својата публика. Првата средба е закажана за 23 октомври, а вториот натпревар ќе се игра веќе следниот ден, на 24 октомври.
Така, трите македонски претставници во второто коло ги очекуваат вкупно шест европски натпревари, со надеж дека ќе продолжат со настапите во ЕХФ Европскиот куп.

