Жителите на дел од Општина Центар утре, 29 септември, треба да очекуваат прекин во водоснабдувањето поради градежни активности на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе се изведува нов водоводен приклучок со профил Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Полежиновски“ број 17. Поради интервенцијата, без вода привремено ќе останат делови од оваа улица, како и од улицата „20-ти Октомври“.
Прекинот е најавен за во 09:00 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на работите.
Од претпријатието посочуваат дека точниот период на прекинот може да зависи од динамиката на изведување на активностите, поради што корисниците треба да имаат предвид дека времето на повторно воспоставување на водоснабдувањето може да се промени.

