Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска официјално беше пуштен во употреба по реализираната реконструкција, со која се очекува подобрување на услугите и условите за патниците.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека модернизацијата треба да придонесе за дополнително зголемување на бројот на патници и авиокомпании кои ќе го користат охридскиот аеродром.
Според податоците што ги презентираше, годинава аеродромот веќе бележи рекордни резултати, со денови во кои биле регистрирани повеќе од 3.000 патници и над 20 полетувања.
Од Владата очекуваат подобрената инфраструктура да има позитивно влијание и врз туризмот и економијата во Охрид, Струга и околните општини.

