HomeРЕТРОВИЗОРГРАЃАНИТЕ ЈА ИЗБРАА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

ГРАЃАНИТЕ ЈА ИЗБРАА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

Пред 35 години, на 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија донесоа историска одлука за иднината на државата. На референдумот, со убедливо мнозинство, беше поддржано осамостојувањето и создавањето суверена држава.

На гласањето учествуваа повеќе од еден милион граѓани, а 1.079.308 гласачи се изјаснија „за“ независна Македонија. Референдумското прашање предвидуваше државата да стане самостојна и суверена, со можност во иднина да се поврзе во сојуз со други суверени држави од тогашната СФРЈ.

Одлуката донесена на 8 септември претставуваше пресвртница во современата македонска историја и го отвори патот кон целосно осамостојување на државата.

Оттогаш, 8 Септември се одбележува како Ден на независноста – празник кој секоја година потсетува на референдумската одлука и на почетоците на независна Македонија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО