HomeМКДГРОЗЈЕТО СКАПУВА ПО ЛОЗЈАТА

ГРОЗЈЕТО СКАПУВА ПО ЛОЗЈАТА

Сериозни проблеми со пласманот на годинешниот род пријавуваат лозарите од Неготинско и Тиквешијата, обвинува СДСМ. Од опозициската партија велат дека дел од грозјето останува неоткупено и скапува на лозјата, а кај некои производители ситуацијата е дотолку тешка што започнале да ги уништуваат лозовите насади.

Од СДСМ тврдат дека производителите се соочуваат со зголемени трошоци, но без гарантиран пласман и соодветна државна помош. Особено проблематичен, според нив, е откупот на сортата „Вранец“.

Партијата ја повика Владата и Министерството за земјоделство итно да реагираат и да понудат решение, прашувајќи зошто нема навремена интервенција за заштита на лозарите.

СДСМ предлага три мерки за надминување на состојбата – зголемување на откупната цена за пет денари по килограм, укинување на осумпроцентниот попуст поврзан со побрзата исплата и организирање државен интервентен откуп на црното грозје што ќе остане без купувач.

Од партијата велат дека лозарите не бараат милостина, туку услови во кои ќе можат да го покријат вложениот труд и трошоците за производство. Воедно ја обвинуваат Владата дека не обезбедува доволно средства за субвенции и интервентни мерки, додека се издвојуваат пари за други намени.

СДСМ предупредува дека проблемот може да има долгорочни последици за лозарството во Тиквешкиот регион и бара Владата без одлагање да обезбеди откуп и конкретна поддршка за производителите.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО