На денешен ден во 1122 година, папата Калист II и германскиот цар Хајнрих V го постигнале таканаречениот Вормски конкордат, со кој бил ставен крај на долгогодишниот спор околу правото на именување на црковни великодостојници. Договорот претставувал важен момент во односите меѓу папската власт и Светото Римско Царство.

