HomeСПОРТЕНРИКЕ ЈА НАПУШТИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА

ЕНРИКЕ ЈА НАПУШТИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА

ПСЖ го загуби францускиот Суперкуп од Ленс со 0:1, но по натпреварот во центарот на вниманието не беше само поразот, туку и реакцијата на тренерот Луис Енрике.

Шпанскиот стратег беше видно изнервиран по прашањата за Бредли Баркола и Ибрахима Мбаје, кои не беа во составот за натпреварот. Двајцата фудбалери во последниот период се поврзуваат со можен трансфер во Ливерпул.

Енрике најпрво одби да коментира за нивниот статус и порача дека за ситуацијата ќе зборува откако ќе заврши летниот преоден рок. Новинарите, сепак, продолжија да го прашуваат дали нивното отсуство е поврзано со можен трансфер во Ливерпул.

По неколку дополнителни прашања, Енрике очигледно го загуби трпението. „Фала и довидување“, кратко порача тренерот на ПСЖ, по што стана од столчето и демонстративно ја напушти просторијата.

Интересно е што Баркола и Мбаје не настапија ниту во европскиот Суперкуп против Астон Вила, што дополнително ги засили шпекулациите околу нивната иднина.

Ливерпул, според медиумските информации, покажува интерес за двајцата офанзивци. Баркола има 23 години и во ПСЖ пристигна од Лион пред три години за 45 милиони евра. За францускиот гигант досега одигра 152 натпревари, постигна 39 голови и запиша 37 асистенции.

Осумнаесетгодишниот Мбаје е продукт на младинската школа на ПСЖ. За првиот тим има 42 настапи, со четири гола и четири асистенции.

Доколку шпекулациите се покажат како точни, евентуалното заминување на двете крила во Ливерпул би можело да биде една од најголемите трансфер-приказни во финишот на летниот преоден рок.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО