HomeМКДЗНАМ НЕМА ДА ПРИФАТИ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА ДРУГ ЈАЗИК...

ЗНАМ НЕМА ДА ПРИФАТИ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА ДРУГ ЈАЗИК ОСВЕН МАКЕДОНСКИОТ

Македонскиот јазик мора да остане единствениот јазик на кој ќе се полага правосудниот испит, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за време на партиски настан во Кочани.

Тој нагласи дека неговата партија нема да прифати компромиси кога станува збор за почитувањето на Уставот, законите и државниот суверенитет.

„Сè додека ЗНАМ е дел од Владата, правосудниот испит ќе се полага согласно закон и Устав, на македонски јазик. Нашиот став е јасен и од тие црвени линии нема да отстапиме“, изјави Димитриевски.

На настанот, организиран под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, партиското раководство ги презентираше активностите и резултатите од изминатите две години.

Димитриевски се осврна и на случајот со Ива Михајлова, повикувајќи ги бугарските власти да постапат по потерницата што, според него, ја издало македонското Министерство за внатрешни работи и да ја екстрадираат.

Тој побара почитување на правните процедури и соработка меѓу надлежните институции. Воедно, оцени дека политичките состојби и ниската излезност на изборите во Бугарија не треба да се користат за отворање, како што ги нарече, лажни политички теми и вршење притисок врз Македонија.

На панел-дискусијата говореа и Борче Серафимовски, Павле Арсоски и Ивица Андов. Тие ги презентираа своите ставови за поддршката на земјоделството и домашното производство, законските реформи и можностите за економски развој преку искористување на природните ресурси.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО