Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека власта е отворена за прифаќање на предлозите на опозициските партии за измените на Изборниот законик, но останува на ставот дека не го поддржува електронското гласање на иселениците.
Тој оцени дека доколку постои заедничка согласност за законските измени, сите политички партии треба да ја преземат одговорноста и да застанат зад нивното усвојување.
Во своето обраќање, Мицкоски ги отфрли и тврдењата дека планира кандидатура за претседател на државата на изборите во 2029 година, нагласувајќи дека по завршувањето на премиерскиот мандат има намера да се врати на академската професија.
Доколку не се постигне договор меѓу парламентарните партии, следниот изборен циклус ќе се спроведе според важечките изборни правила.

