HomeГЛОБУСИРАН СО РАКЕТИ ДОГОВОРИ НА АМЕРИКАНСКИ БАЗИ

ИРАН СО РАКЕТИ ДОГОВОРИ НА АМЕРИКАНСКИ БАЗИ

Иран извршил ракетни напади врз американски воени бази во Ирак и Јордан, јавија локални медиуми и јорданските вооружени сили. Нападите следуваат откако американските сили повторно извршиле удари врз цели во Иран.

Иранската страна најавила одмазда по нападот во јужниот дел на земјата, при кој, според Иранската Црвена полумесечина, загинале четири лица, меѓу кои и дете. Во нападот бил погоден објект во градот Сирик, а повеќе од 50 лица биле повредени.

Иранската Револуционерна гарда порача дека САД ќе „зажалат“ поради нападите. Според иранските медиуми, биле истрелани балистички ракети кон американска база во близина на Акаба, Јордан.

Јорданската армија соопшти дека пресретнала 13 балистички ракети. Десет биле уништени, додека три паднале во ненаселени подрачја. Според досегашните информации, во Јордан нема жртви од нападот.

И во Кувајт била активирана противвоздушната одбрана поради пријавени ракетни напади, додека иранските државни медиуми известиле за експлозии во Бахреин.

Од американската Централна команда соопштиле дека американските удари врз Иран биле одговор на, како што тврдат, неодамнешни обиди на Иранската револуционерна гарда за напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец.

Американската страна истовремено ги отфрла обвинувањата дека намерно биле гаѓани цивили. Од Централната команда наведуваат дека американските операции биле насочени кон воени цели.

Најновите случувања дополнително ја зголемуваат опасноста од поширока регионална ескалација. Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се особено високи по обновувањето на воените дејствија и истекот на претходниот договор за примирје.

САД во меѓувреме најавија и нови санкции кон Иран, со цел дополнително да го ограничат неговото финансирање и меѓународните економски врски.

Иранските власти, пак, порачаа дека ќе одговорат доколку повторно бидат нападнати, со што ризикот од нови ракетни удари и проширување на конфликтот во регионот останува висок.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО