HomeГЛОБУСНОВА САБОТАЖА ВО ГЕРМАНИЈА

НОВА САБОТАЖА ВО ГЕРМАНИЈА

Само еден ден по експлозијата во близина на термоелектрана во источниот дел на Германија, пријавен е нов инцидент со електроенергетската инфраструктура, овојпат во близина на Келн.

Германските власти се сомневаат дека станува збор за намерна саботажа. Полицијата соопшти дека непознати лица предизвикале краток спој на високонапонски кабли, по што од електричната мрежа биле исклучени неколку блокови на термоелектраната Бергхајм.

Иако инцидентот предизвикал проблеми во електроенергетскиот систем, од надлежното покраинско министерство соопштиле дека нема прекин на снабдувањето со електрична енергија во домаќинствата.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул, изјавил дека според досегашните сознанија, зад нападот би можеле да стојат лица од странство или припадници на екстремно левичарски кругови.

Инцидентот се случува само еден ден по експлозијата на електроенергетска инфраструктура во источниот дел на Германија, јужно од Берлин. Таму експлозијата уништила вод во близина на термоелектрана.

Германските власти последните месеци регистрираат повеќе напади врз електроенергетската и железничката инфраструктура. Дел од претходните инциденти биле поврзувани со левичарски екстремистички групи.

Дополнително, Германија во последниот период предупредува на зголемени ризици од хибридни активности, во контекст на затегнатите односи со Русија.

Новиот инцидент кај Келн повторно го отвори прашањето за безбедноста на критичната инфраструктура во Германија и можноста од нови напади врз енергетскиот систем.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО