HomeСПОРТИРЦИТЕ ГО ПОБЕДИЈА ИЗРАЕЛ

ИРЦИТЕ ГО ПОБЕДИЈА ИЗРАЕЛ

Ирска ја совлада Израел со убедливи 3:0 во натпревар од Лигата на нации, но средбата во Дебрецен, Унгарија, беше во центарот на вниманието уште пред првиот судиски свиреж.

Ирските фудбалери пред почетокот на натпреварот не го испочитуваа вообичаениот ритуал на меѓусебно ракување со противничките играчи. Капитанот на Ирска, Дара О’Ши, исто така не се поздрави со израелскиот капитен Манор Соломон.

Ирците на теренот настапија и со црни ленти на рацете, како знак на сеќавање на жртвите од војната во Газа. Голманот Гевин Базуну, пак, одлучил да не настапи, повикувајќи се на свои лични убедувања поврзани со случувањата во регионот.

По церемонијата пред почетокот на натпреварот, Ирска целосно ја презеде контролата на теренот. Во првото полувреме постигна три гола за само 12 минути – стрелци беа Трој Парот, Адам Ида и Џек Мојлан.

Натпреварот дојде по период во кој Ирскиот фудбалски сојуз беше под силен притисок да не ги одигра двата натпревари против Израел. Дел од ирските спортисти и јавноста бараа бојкот, а повеќе од 160 ирски спортисти потпишаа отворено писмо со барање повторно да се разгледа одлуката.

Ирскиот селектор Хеимир Халгримсон претходно изјави дека неговиот тим не сака да биде поврзан со војната и дека настапот го гледа како игра против Израел, а не како поддршка. Од Израелскиот фудбалски сојуз следуваше остра реакција, со критики кон изјавите на селекторот.

И покрај повиците за бојкот, Ирскиот фудбалски сојуз одлучи натпреварите да се одиграат, меѓу другото и поради можноста за санкции од УЕФА.

Вториот дуел меѓу двете селекции е закажан за 4 октомври, при што Ирска ќе биде формален домаќин на натпреварот кој ќе се игра во Бачка Топола, Србија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО