Македонската заедница во Австралија на 1 ноември 2026 година ќе има можност да ја претстави својата култура, традиција и национално наследство на мултикултурен фестивал што ќе се одржи на плоштадот „Викторија“ (Victoria Square) во Аделаида.
Преку Македонско-австралискиот културен и уметнички сојуз (MCASA), македонската заедница ќе ги претстави богатите културни обележја на Македонија, придонесувајќи за промоција на македонскиот идентитет и зајакнување на мултикултурната соработка во Австралија.
Настанот претставува можност македонската традиција да се доближи до пошироката австралиска јавност, но и да се зачува врската на македонските иселеници со нивното културно наследство.

