HomeМКДМАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА БАРААТ КОНКРЕТНА ПОДДРШКА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА БАРААТ КОНКРЕТНА ПОДДРШКА

Македонската заедница во Албанија предупредува дека и натаму се соочува со сериозни предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот и идентитетот, но и со економските услови во кои живеат семејствата.

Од заедницата посочуваат дека потребна е поголема институционална поддршка, особено во образованието на македонски јазик, како и поголеми можности за младите да останат и да градат иднина во местата каде што живеат.

Ендрит Фетаху од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) оценува дека културните манифестации се важни, но не се доволни доколку зад нив нема конкретни мерки за подобрување на секојдневниот живот на заедницата.

Како еден од проблемите се издвојува и иселувањето на младите поради ограничените економски перспективи. Дел од соговорниците укажуваат дека токму економската несигурност ги тера луѓето да бараат можности надвор од земјата, вклучително и преку стекнување бугарско државјанство.

Од македонската заедница бараат поголема ангажираност и од албанските и од македонските институции, со конкретни политики за образование, економски развој и зачувување на македонскиот јазик и културното наследство.

Според нив, идентитетот може да се зачува само ако младите имаат услови за нормален живот, образование и перспектива во своите родни места.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО