На 8 ноември 1967 година во американските кина започна прикажувањето на филмот „How I Won the War“, во кој Џон Ленон се појави во една од своите најнеобични актерски улоги.
Филмот, во режија на Ричард Лестер, претставува сатирична приказна за војната и воената бесмисленост. Ленон го толкува ликот на војникот Грипвид, а неговото појавување привлече големо внимание кај обожавателите на „Битлси“.
Ова беше еден од проектите со кои Ленон се оддалечи од музичката сцена и покажа интерес за филмот и актерството.

