HomeТРЕНДМЕГАН МАРКЛ СЕ ВРАЌА НА ТЕЛЕВИЗИЈА

МЕГАН МАРКЛ СЕ ВРАЌА НА ТЕЛЕВИЗИЈА

Меган Маркл повторно ќе се појави на телевизија, но овојпат нема да застане пред камерите како актерка. Војвотката од Сасекс ќе биде специјална гостинка во австралиското кулинарско шоу „Junior MasterChef Australia“, кое се враќа на малите екрани во 2027 година по шестгодишна пауза.

Австралискиот телевизиски канал Channel 10 потврди дека Меган ќе им се придружи на младите натпреварувачи заедно со познатата австралиска готвачка и телевизиска водителка Пох Линг Јеоу. Двете ќе им помагаат на најмладите учесници во подготовката на нивните кулинарски креации.

„Junior MasterChef Australia“ се враќа во 2027 година, а на Пох Линг Јеоу ќе ѝ се придружи специјалната гостинка Меган, војвотката од Сасекс, за заедно да ја поддржат новата генерација млади готвачи“, соопшти телевизијата.

Меган откри дека прифаќањето на поканата било лесна одлука, бидејќи претходното искуство со екипата на шоуто ѝ оставило позитивни впечатоци. Таа веќе гостуваше во австралискиот „Мастершеф“ во април годинава, кога учествуваше како гостинка во жирито.

„Прекрасно ми беше да работам со целиот тим на „Мастершеф“ во април, па не ми требаше многу време да одлучам кога ме поканија повторно да работам со младите таленти. Обожавам да готвам со моите деца и со нетрпение очекувам да видам што ќе подготват натпреварувачите. Едвај чекам да ги пробам нивните јадења“, порача Меган.

Возбудата за новата сезона ја сподели и Пох Линг Јеоу, која веќе соработуваше со војвотката за време на нејзиното претходно гостување.

„Многу ми беше убаво што снимав со Меган претходно годинава и се радувам што повторно ќе работиме заедно. Едвај чекам да ги запознаам нашите мали готвачи. Очекувам многу вкусни изненадувања, но и по некоја детска пакост“, изјави таа.

Новото телевизиско појавување на Меган доаѓа во период кога во медиумите се објавуваат и сериозни наводи поврзани со нејзиниот татко, Томас Маркл. Сепак, нејзиниот ангажман во кулинарското шоу е посебна тема и нема потврдена поврзаност со овие обвинувања.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО