HomeСПОРТМЕСИ САНКЦИОНИРАН ПО ИНЦИДЕНТОТ СО САЛИВАН

МЕСИ САНКЦИОНИРАН ПО ИНЦИДЕНТОТ СО САЛИВАН

Лионел Меси доби дисциплинска санкција од МЛС поради инцидентот со фудбалерот на Филаделфија, Квин Саливан, во финишот на натпреварот одигран во средата.

Аргентинската суперѕвезда е казнета затоа што во 101. минута употребил рака при контакт со противничкиот фудбалер, со што го прекршил правилото на лигата кое забранува удирање или допирање на главата, лицето и вратот на противникот.

Ситуацијата се случила откако Меси и Саливан влегле во вербална расправија. Во текот на конфликтот, фудбалерот на Интер Мајами со отворена дланка го допрел, односно го удрил Саливан во пределот на главата и вратот. Саливан веднаш реагирал и се соочил со Меси, по што ситуацијата била прекината од останатите актери на теренот.

Главниот судија Филип Дујиќ не го забележал самиот момент на ударот, бидејќи бил свртен во спротивна насока. Откако забележал дека двајцата играчи се во конфликт, пристапил за да ги раздели, но не доделил дисциплинска санкција во текот на натпреварот.

Случајот подоцна бил разгледан од Дисциплинската комисија на МЛС, која одлучила Меси да биде казнет. Лигата не соопшти колкав износ ќе треба да плати аргентинскиот фудбалер.

Во истиот натпревар санкциониран е и соиграчот на Меси, Иан Фреј. Тој добил казна за одделен инцидент во кој исто така било прекршено правилото поврзано со контакт со главата или вратот на противнички играч. И неговата финансиска санкција остана необјавена.

За Меси ова не е првпат да биде казнет според истото правило во МЛС. Слична санкција доби и во 2025 година по натпреварот против Њујорк Сити. Тогаш дошло до инцидент по завршувањето на мечот, кога Меси го фатил за вратот членот на стручниот штаб на противничкиот тим.

И во тој случај лигата не ја откри висината на казната, па актуелната санкција претставува уште еден дисциплински случај во кој името на аргентинскиот капитен се најде во фокусот поради однесување надвор од фудбалската игра.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО