HomeСПОРТМОУРИЊО ГО ФАЛИ ГУЛЕР

МОУРИЊО ГО ФАЛИ ГУЛЕР

Реал Мадрид одлично ја започна сезоната во Ла Лига, со четири победи на првите пет натпревари. Единствениот пораз го претрпе против Бетис со 0:1, иако на тој меч создаде голем број шанси и упати дури 20 удари кон противничкиот гол.

Пред гостувањето кај Елче во шестото коло, тренерот Жозе Мурињо зборуваше за почетокот на сезоната и за развојот на својот тим. Португалецот не сака да прогнозира кога Реал ќе достигне ниво на игра какво што тој го посакува, но нагласи дека напредокот мора да биде видлив од тренинг до тренинг.

Посебно внимание привлече неговиот коментар за Арда Ѓулер, кој иако нема голема минутажа, досега има значајна улога кога е на теренот. Турскиот репрезентативец одигра околу 45 минути во просек на досегашните пет лигашки натпревари, а постигна еден гол и запиша две асистенции.

Мурињо смета дека 21-годишниот фудбалер поседува квалитети кои можат да го направат еден од важните играчи на Реал во иднина.

„Физички многу напредуваше, но неговиот квалитет во играта е неверојатен. Има одлична визија, знае да ја организира играта и има фантастичен потенцијал“, изјави Мурињо.

Тој додаде дека Ѓулер има способност значително да влијае врз играта и дека неговите бројки се многу интересни за играч на таа возраст. Мурињо сепак беше внимателен со големите споредби, но јасно стави до знаење дека има високо мислење за турскиот талент.

„Не би одел толку далеку за да кажам дека е топ, топ, топ трипати, но можам да кажам – топ, топ“, порача тренерот на Реал.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО