HomeСПОРТТОМ АСПИНАЛ СЕ ОТКАЖА ОД ТИТУЛАТА ВО УФЦ

ТОМ АСПИНАЛ СЕ ОТКАЖА ОД ТИТУЛАТА ВО УФЦ

Том Аспинал повеќе не е шампион на УФЦ во тешка категорија. Британскиот борец реши да го ослободи појасот бидејќи поради долготрајните проблеми со очите сè уште нема медицинско одобрение за враќање во октагонот.

Аспинал последен пат настапи на УФЦ 321, кога требаше да ја брани титулата против Сирил Ган. Борбата беше прекината и прогласена за неважечка поради два удари во очите, по што кај Британецот бил дијагностициран билатерален трауматски Браунов синдром.

Поради повредата морал да помине низ операции на двете очи. Иако во неколку наврати се очекуваше негово враќање, опоравувањето постојано се одложувало поради нови компликации.

Аспинал откри дека во меѓувреме поминал низ повеќе операции, инфекции и дополнителни проблеми. Во еден момент дури добил и датум за нова борба и започнал со спаринзи, но нова повреда на тренинг повторно му ја влошила состојбата на десното око.

„Поради постојаните компликации со очите, во моментов не можам да добијам медицинска дозвола за борба. Не знам кога ќе можам да се вратам“, порача Аспинал.

Британецот објасни дека намерно не зборувал многу за својата состојба, во договор со УФЦ, за да може целосно да се посвети на рехабилитацијата. Сепак, по новите проблеми донел одлука да се откаже од шампионскиот појас.

„Не сакам целата дивизија да чека поради мене. Сакам другите борци да добијат можност да се борат за титулата“, порача Аспинал.

Одлуката доаѓа откако претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, веќе најави дека организацијата размислува за можноста тешка категорија да добие нов шампион. Со оглед на неизвесноста околу враќањето на Аспинал, појасот сега ќе биде ставен во игра, додека Британецот ќе продолжи со опоравувањето и ќе чека лекарите да му дадат зелено светло за повторно да се натпреварува.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО