Најмалку 50 лица загинале во тешка железничка несреќа во Шпанија, во која се судриле два брзи воза со повеќе од 500 патници. Несреќата предизвикала прекин на железничкиот сообраќај на линијата што го поврзува Мадрид со Андалузија.
Судирот се случил на 118-от километар од брзата железничка линија Мадрид–Севилја, меѓу станиците Мора и Оргаз и Урда, во покраината Толедо.
Според првичните информации, една од можните причини за несреќата е човечки фактор, но околностите под кои дошло до судирот треба да бидат утврдени со истрага.
Несреќата предизвикала сериозни нарушувања во железничкиот сообраќај, а прекинот на линијата меѓу главниот град и јужниот дел на земјата влијае врз патувањата на голем број патници.

