HomeМКДЗдравствоНЕМА ПОТРЕБА ОД ПОСЕБНИ МЕРКИ ВО УЧИЛИШТАТА

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПОСЕБНИ МЕРКИ ВО УЧИЛИШТАТА

Нема основа за воведување дополнителни мерки во училиштата поради западнонилската треска, бидејќи учениците не се сметаат за група со зголемен ризик од тешка форма на заболувањето.

Од надлежните институции посочуваат дека состојбата се следи и дека нема потреба од дополнителни ограничувања или специфични протоколи насочени кон учениците.

Западнонилската треска најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Според проценките на здравствените власти, поголем ризик од сериозни компликации постои кај повозрасните лица и кај луѓето со одредени хронични заболувања.

Надлежните остануваат во координација и ја следат епидемиолошката состојба, а евентуални дополнителни мерки би се разгледувале доколку проценката на ризикот се промени.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО