HomeМКДЗдравствоНОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО НЕГОРЦИ

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО НЕГОРЦИ

Подобри услови за пациентите и здравствените работници се очекува да донесе реконструкцијата на објектот за физикална терапија во Негорци, кој функционира во рамки на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија.

За реализација на проектот веќе е склучен договор, а инвестицијата е обезбедена со финансиска поддршка од Европската Унија. Вкупната вредност на договорот изнесува 207.747,44 евра, додека предвидениот рок за завршување на работите е најмногу девет месеци.

Објектот е лоциран во комплексот на Негорските минерални извори, каде пациентите добиваат услуги од областа на физикалната медицина и терапија.

Во рамки на објектот функционираат повеќе сегменти, меѓу кои одделението за физикална терапија, одделот за хидротерапија и специјалистичка ординација. Со реконструкцијата се очекува овие простории да добијат подобра и пофункционална инфраструктура.

Од болницата оценуваат дека проектот ќе придонесе за унапредување на условите во кои се обезбедуваат здравствените услуги и ќе овозможи посоодветна средина и за пациентите и за медицинскиот персонал.

Директорот на Општата болница – Гевгелија, д-р Патрик Матх, посочи дека инвестицијата е значаен чекор во процесот на модернизација на установата и подобрување на здравствената грижа што им се обезбедува на граѓаните од Гевгелија и поширокиот регион.

Реконструкцијата е дел од проектот „IPASHIELD in motion“, кој се реализира преку програмата Interreg VI-A IPA 2021–2027 во соработка со соседна Грција.

Проектот се финансира со средства од Европската Унија и е насочен кон унапредување на соработката и развојот на инфраструктурата во пограничниот регион.

За изведување на градежните работи е избрана компанијата „Техника ДООЕЛ Импорт-Експорт“ од Радовиш.

Со реализацијата на проектот, здравствената установа очекува да добие посовремен простор за физикална медицина и терапија, со што би се создале подобри услови за лекување и рехабилитација на пациентите.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО