Иако новиот филм „Resident Evil“ е сместен во снежна и мрачна атмосфера, режисерот Зак Крегер откри дека инспирацијата за главниот лик ја пронашол во неколку добро познати филмски хитови, меѓу кои и два празнични класици.
Во центарот на приказната е Брајан, кого го игра Остин Абрамс, познат по филмот „Weapons“. Тој е доставувач на медицинска опрема кој добива задача да однесе пратка до општата болница во Ракун Сити. Наместо обична достава, Брајан се наоѓа во средиштето на смртоносна епидемија и хаос предизвикан од опасни суштества.
Главниот лик не е искусен борец и нема посебни способности за преживување. Сепак, кога ситуацијата станува опасна, тој е принуден да се снаоѓа со сè што ќе му се најде при рака.
Режисерот Крегер, кој го напишал сценариото заедно со Шеј Хатен, откри дека ликот на Брајан бил замислен како комбинација од три познати филмски херои – Марти МекФлај од „Враќање во иднината“, Џон МекКлејн од „Умирачки“ и Кевин Мекалистер од „Сам дома“.
Крегер објаснил дека уште на почетокот се договориле Брајан првенствено да го има карактерот на Марти МекФлај. Во моменти кога станува посамоуверен и поопасен, ликот преминува во таканаречениот „Џон МекКлејн режим“, додека во сцените кога е преплашен и се обидува да преживее, потсетува на Кевин Мекалистер.
Режисерот открил дека тој и Абрамс пред снимањето на сцените често се прашувале дали Брајан во тој момент треба да биде „МекФлај, МекКлејн или Мекалистер“, што им помогнало полесно да го изградат неговиот карактер.
Филмот веќе привлече големо внимание кај публиката и критичарите. Според Rotten Tomatoes, продукцијата има висока оценка од критичарите, додека дел од рецензиите ја пофалуваат атмосферата и начинот на кој филмот создава чувство на напнатост, слично на она што го доживуваат играчите додека ја играат познатата видео игра.

