Измените во правилата за функционирање на студентските домови во Македонија предвидуваат нови услови за престој, построги мерки за прекршување на куќниот ред и дополнителни ограничувања за студентите кои ќе ги нарушуваат правилата.
Според предложените измени, една од новините е воведување старосна граница за корисниците на државните студентски домови. Правото на сместување ќе биде ограничени се очекува местата во домовите да бидат насочени кон студентите кои редовно ги извршуваат своите студиски обврски.
Новите правила предвидуваат и построги санкции за студентите кои ќе направат потешки прекршоци во домовите. Мерките се однесуваат на случаи на насилно однесување, внесување и употреба на алкохол или наркотични средства, уништување на имотот, како и други постапки со кои се нарушува редот и безбедноста на останатите станари.
За најсериозните прекршоци се предвидува можност за забрана за повторно сместување во студентски дом во период до пет години. Одлуките за санкции би се носеле согласно утврдени процедури и правила за дисциплинска одговорност.
Со измените се планира и поголема контрола врз користењето на студентските капацитети, почитувањето на обврските на станарите и одржувањето на условите за нормален престој во домовите.
Во изминатиот период државата најави и инвестиции во подобрување на условите во дел од студентските домови, вклучително и реконструкции на објекти и подобрување на сместувачките капацитети.
Студентските домови остануваат една од најзначајните форми на поддршка за студентите од други градови, а новите правила се насочени кон уредување на односите меѓу корисниците и управите на домовите.

