HomeГЛОБУСНОРВЕШКА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАРАБОТИ 9,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ТРГОВСКИ ВИШОК

НОРВЕШКА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЗАРАБОТИ 9,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ТРГОВСКИ ВИШОК

Норвешка во август забележа огромен трговски суфицит, поттикнат пред сè од наглиот раст на приходите од извозот на природен гас. Вкупниот извоз достигнал 191 милијарда норвешки круни, односно околу 17,7 милијарди евра.

Тоа е раст од 6,7 отсто во однос на јули и дури 32,9 отсто повеќе во споредба со август минатата година. Во исто време, увозот изнесувал 90,6 милијарди круни, што претставува минимален месечен раст од 0,3 отсто.

Најголем скок е регистриран кај природниот гас. Норвешка во август извезла гас во вредност од 77,7 милијарди круни, или околу 7,2 милијарди евра. Во споредба со јули, приходите од овој извоз се зголемиле за 17 отсто, додека на годишно ниво скокот изнесува дури 80,9 отсто.

Растот на цените на гасот е поврзан со нарушувањата на глобалниот енергетски пазар, ограничената понуда на течен природен гас и ниските резерви во европските складишта. Дополнителен фактор е и зголеменото полнење на европските складишта пред почетокот на грејната сезона.

Кај суровата нафта ситуацијата била поинаква. Извозот во август бил вреден 42,6 милијарди круни, што е пад од 4,6 отсто во однос на јули. Сепак, во споредба со август 2025 година, вредноста е повисока за 12,7 отсто.

Раст бележи и извозот на риба и морски производи, кој на месечно ниво се зголемил за 3,7 отсто.

Благодарение на силниот извоз, Норвешка во август остварила трговски вишок од 100,4 милијарди круни, односно околу 9,3 милијарди евра. Тоа е 13,2 отсто повеќе од јули и 69,4 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Станува збор за најголем месечен трговски суфицит на Норвешка од јануари 2023 година. Земјата во последните години дополнително го зацврсти своето значење како еден од главните снабдувачи на Европа со природен гас, особено по намалувањето на испораките на руски гас кон европскиот пазар.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО