Осуденик на 42-годишна возраст почина во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, откако доживеал струен удар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 14:43 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
Од установата било пријавено дека во делот на внатрешното шеталиште, лицето Н. И. (42) од селото Тебреште се искачило на бандера и дошло во контакт со жица која била под напон. По струјниот удар, осуденикот паднал.
На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Лекар констатирал дека лицето починало на самото место.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

