HomeМКДЕкономијаОШТЕТЕН БУЏЕТОТ ЗА НАД 4,6 МИЛИОНИ

ОШТЕТЕН БУЏЕТОТ ЗА НАД 4,6 МИЛИОНИ

Три физички лица и едно трговско друштво се опфатени со кривична пријава што Управата за финансиска полиција ја достави до Основното јавно обвинителство – Скопје, поради сомнение дека со незаконски финансиски трансакции го оштетиле државниот буџет за 4.677.362 денари.

Според наодите од истрагата, лицата кои во различни периоди управувале и раководеле со компанијата не прикажале деловна трансакција поврзана со продажба на производствена опрема за изработка на кабли, чија вредност надминувала 14 милиони денари. Наместо приходот да биде евидентиран во деловните книги, дел од парите, според сомнежите, биле префрлени на приватни сметки на осомничените и на лица поврзани со нив.

Истрагата покажала дека дел од купопродажбата била реализирана преку размена на имот, односно со патничко возило и кабли, кои не биле заведени во сметководствената документација, ниту биле пронајдени како средства на компанијата.

Финансиската полиција утврдила и сомнежи дека фирмата не ги прикажала за оданочување обврските кон домашни и странски доверители, кои останале неплатени подолг временски период.

Со ваквото постапување, според пријавата, биле избегнати законските обврски за пресметување и плаќање на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок на доход, при што буџетот бил оштетен за повеќе од 4,6 милиони денари.

Предметот е предаден на Основното јавно обвинителство – Скопје, кое ќе ги преземе натамошните активности во согласност со своите законски надлежности.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО