HomeТРЕНДПЕТ КУЈНСКИ ПРИБОРА КОИ ГИ КОРИСТИМЕ ПОГРЕШНО

ПЕТ КУЈНСКИ ПРИБОРА КОИ ГИ КОРИСТИМЕ ПОГРЕШНО

Многумина секојдневно користат кујнски прибор, без да знаат дека некои негови делови имаат посебна практична намена. Со неколку едноставни трикови може да се олесни подготовката на храната и да се продолжи трајноста на приборот.

Лажицата за шпагети, на пример, има отвор во средината кој служи за мерење на една порција сува паста. Доволно е шпагетите да се протнат низ него за да се одреди приближната количина за едно лице.

Кај пресата за лук, пак, често нема потреба претходно да се отстранува лушпата. Режанчето може да се стави директно во пресата, а при притискањето лукот ќе помине низ отворите, додека лушпата ќе остане внатре.

И хартиените филтри за кафе имаат мал трик. Нивните рабови треба да се превиткаат пред да се постават во држачот, со што филтерот подобро ќе се прилепи и ќе остане стабилен.

На кутиите со алуминиумска и проѕирна фолија обично има мали перфорирани делови од страните. Кога ќе се притиснат навнатре, тие ја држат ролната на место и спречуваат да испаѓа при извлекување на фолијата.

Посебно внимание треба да се посвети и на дрвениот кујнски прибор, како лажиците и даските за сечење. Не се препорачува нивно миење во машина за садови, бидејќи високата температура и влагата можат да го оштетат дрвото. Најдобро е да се мијат рачно со топла вода и благ детергент, а потоа добро да се исушат.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО