HomeМКДПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ НОВ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ НОВ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Општина Гази Баба ќе воведе услуга „Помош и нега во домот“, наменета за повозрасни, лица со попреченост и други граѓани на кои им е потребна поддршка во секојдневниот живот.

За реализација на услугата е потпишан договор меѓу Општина Гази Баба, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Црвениот крст на Македонија, со кој е обезбеден грант за нејзино спроведување.

Услугата ќе ја реализира Црвениот крст на територијата на општината, со активности прилагодени на потребите на корисниците.

Градоначалникот Бобан Стефковски оцени дека проектот ќе им овозможи на ранливите граѓани да добијат потребна помош во сопствениот дом, каде што се чувствуваат најсигурно.

Од Општината посочуваат дека преку оваа иницијатива се зајакнува социјалната поддршка и се овозможува институциите и организациите заеднички да одговорат на потребите на најранливите категории граѓани

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО