Возачите од полноќ ќе плаќаат повеќе за горивата, откако беа утврдени новите малопродажни цени. Најголема промена има кај дизелот, кој поскапува за 2,5 денари по литар, додека бензините ќе бидат поскапи за по еден денар.
Покрај дизелот, се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство, кое ќе биде поскапо за два денари по литар. Единствено мазутот ќе поевтини, и тоа за 0,3 денари по килограм.
Новите цени ќе важат од полноќ и ќе се применуваат на сите бензински станици во земјава.
| Гориво | Нова цена |
|---|---|
| Еуросупер БС-95 | 85,50 ден./литар |
| Еуросупер БС-98 | 87,50 ден./литар |
| Еуродизел | 82,50 ден./литар |
| Екстралесно масло за домаќинство | 81,50 ден./литар |
| Мазут | 41,20 ден./килограм |

