HomeРЕТРОВИЗОРПОЧНАЛО УНГАРСКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ СОВЕТСКОТО ВЛИЈАНИЕ

ПОЧНАЛО УНГАРСКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ СОВЕТСКОТО ВЛИЈАНИЕ

На 23 октомври 1956 година, студентските протести во Будимпешта прераснале во масовно востание против комунистичката власт и советското влијание врз Унгарија.

Демонстрантите барале политички промени, поголеми слободи и повлекување на советските сили. Протестите брзо се прошириле, а во нив се приклучиле работници и други граѓани. Во наредните денови дошло до вооружени судири и обид за промена на политичкиот систем.

На 4 ноември советските сили започнале голема воена интервенција, со која востанието било задушено. Настаните од 1956 година остануваат еден од најзначајните симболи на отпорот против советската доминација во Источна Европа.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО